Авион кружел над Херцег Нови 40 минути, зашто стигнал пред 5:30, кога отвора аеродромот во Подгорица

223

Aвион на бугарската компанија „БХ ер“ во кој биле црногорски фудбалери и делегација, кои се враќале од Кардиф, повеќе од 40 минути морал да кружи над Херцег Нови затоа што стигнал на дестинацијата пред 5:30 часот, кога почнува со работа аеродромот во Подгорица.

Чартер-летот од Кардиф бил планиран за во 1:30 часот по локално време (2:30 по наше време), а веднаш по качувањето, капетанот најавил дека авионот ќе биде во воздух два часа и 20 минути.

Наместо да слета нешто пред пет часот, авионот слетал точно во 5:31 часот, кога отворил аеродромот.

Црногорските аеродроми ја губат трката со Тирана, поради одлуките што доведоа до намалување на бројот на летови на нискобуџетните компании, а ноќните летови и понатаму се проблем.