Алекс Гомез Абељо, еден од најверните ракометари на Барселона, испиша историја во Лигата на шампионите и го собори рекордот кој со години беше во сопственост на нашиот Кирил Лазаров и данската ѕвезда Микел Хансен.
Имено, одличното крило во „мало финале“ во Келн постигна четири погодоци во мрежата на ПСЖ и со тоа стана ракометар со најмногу постигнати голови на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите.
Шпанскиот ас стигна до бројот од 69 погодоци во Келн и со тоа ги мина поранешниот македонски капитен Кирил Лазаров и Данецот, Микел Хансен, кои досега беа водечки со по 68 гола.
Инаку, во борбата за третата позиција подобра беше Барса, совладувајќи го големиот ривал ПСЖ со сигурни 37:31.