АБА 2 лига: Кошаркарите на Работнички стартуваа со пораз

28
Фото:П.Стојановски

Кошаркарите на Работнички со пораз стартуваа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва во Скопје претрпеа пораз од Сутјеска со 58-71 (21-37) во рамки на 1 коло во групата Б.

Најефикасни во редовите на македонскиот тим беа Дамјан Робев со 13 и Михаило Јовичиќ со 12 поени.

Работнички во 2 коло ќе гостува во Нови Сад на Војводина на 8 октомври.

Фото:П.Стојановски