Абазовиќ: Ѓукановиќ е против прогресивни иницијативи

46
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека не ги поддржува политичките идеи на претседателот на неговата земја Мило Ѓукановиќ.
Тој за ABC News.al нагласи дека „Ѓукановиќ не е прогресивец и тука има големи разлики со неговите тези”.
– Тој е против иницијативи кои се прогресивни. Јас не сум поддржувач на таа политика, јас сум поддржувач на помирувачки и космополитски политики. Вака ја гледам иднината. Тие политичари си ги сменија сопствените принципи, а јас не ги сменив, рече Ѓукановиќ.
Тој не ја исклучува можноста за соработка со него, но за ова има некои услови за кои не може да се преговара.
– Секој кој ќе ја поддржи европската агенда, евроинтеграциите, концептот на политика и најдобри можни односи во регионот е добредојден. Кој ќе го заштитува само сопственото богатство, кој ќе создава конфликти, тој не може да биде дел од политиката што ја презентирам. Доколку Ѓукановиќ е подготвен да се врати во оваа насока, тој е добредојден, додаде Абазовиќ.
Во однос на иницијативата „Отворен Балкан” тој вели дека „нема никаква логика Косово да биде надвор од оваа иницијатива”.
Прашан за односите со косовскиот премиер Албин Курти тој нив ги оценува како многу пријателски и коректни и најави дека утре ќе се сретне со Курти во Скопје и ќе разговараат за последните случувања, вклучително и француско-германскиот предлог.