Џони Деп не е посакуван во актерските кругови

3

Ангажирањето на Џони Деп во второто продолжение на филмот „Fantastic Beasts“ стана контроверзно, откако актерот беше обвинет за семејно насилство. Актерот Езра Милер го коментираше изборот на Џони Деп во новото продолжение на филмот, тврдејќи дека ниеден од актерите не бил консултиран за таа одлука.

Џони Деп ја игра улогата на Гелерт Гриндевалд во овогодинешното продолжение на “Fantastic Beasts And Where To Find Them: The Crimes Of Grindelwald”, а неговото ангажирање предизвика реакции од актерската екипа поради обвиненијата кои беа упатени кон актерот од страна на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која вели дека била жртва на домашно насилство додека била во брак со Деп.

Актерот ги негираше тврдењата и рече дека никогаш не би направил такво нешто, а случајот беше решен надвор од суд – Деп и Херд се спогодија, а таа ја повлече тужбата.