Ќе биде ли ова најскапиот развод на светот? Милијардерот Џеф Безос се разделува од сопругата

9

Извршниот директор на Амазон. Џеф Безос (54) и неговата сопруга Мекензи Безос објавија дека се разведуваат по 25 години брак. Веста за разводот двојката ја објави денеска на Твитер.

„Сакаме да ги информираме луѓето за новините во нашите животи…По долг период на истражување и раздвојување, одлучивме да се разведеме и да продолжиме со животот како пријатели“, навеле Џеф и Мекензи Безос на неговиот профил на Твитер.

Американскиот милијардер Џеф Безос е основач на компанијата Амазон и најбогатиот на листата на Форбс.

Мекензи Безос е писателка и била една од првите вработени во Амазон. Во 2014 година ја основала организацијата против злоупотреба ByStander Revolution. Двојката има четири деца.