Љубовница на Тајгер Вудс нудела сексуални услуги за хероин

2

Поранешната љубовница на славниот голфер Тајгер Вудс, Џеси Џангерс, е спасена во драматична акција која е спроведена од страна на американското реално шоу „Ловец на глави”.

Џеси била пронајдена во просторија полна со дрога, каде што се нуделе сексуални услуги на високо – деловни луѓе во замена за дрога (хероин и спид), пишува „Дејли Мејл”.

Поранешната стриптизерка била во очајна состојба, бледа и исцрпена. Кучето – трагач со вооружен тим влегло во куќата која била преполна со дрога и ја пронашле како лежи на под, а потоа забранетите супстанци веднаш биле предадени на полициските службеници.

-Таа имаше 40 килограми, па едвај и ги ставивме лисиците на раце, бидејќи и беа многу тенки. Ако не ја најдовме, за пет недели ќе беше мртва. Луѓето ја принудувале да нуди сексуални услуги во замена за дрога. Откако малку се стабилизираше, ни кажа дека освен тука, работела во уште пет куќи, открија во емисијата „Ловец на глави”.

Меѓу нејзините клиенти имало и многу познати личности. Од видеото кое е објавено на интернет, може да се забележи дека при нејзиното изнесување од куќата, тимот за брза интервенција на висок тон ја прашува: „Како се викаш? Како ти е еб*ното име, ку*во?”.

Џеси ги замолила да не ја снимаат, но подоцна во разговор признала дека за нејзината пропаст виновен е славниот голфер Тајгер Вудс.

-Рече дека сите сакале да бидат со неа бидејќи е поранешна љубовница на Тајгер Вудс… Почнале да и даваат дрога и се навлекла на неа, открива „Ловецот на глави”.

Џеси заврши во затвор поради поседување на дрога. Инаку, таа ја стекна славата пред девет години кога се дозна дека од американскиот голфер земала 125.000 долари за да не се дознае нивната афера. Но, подоцна се откри дека Вудс бил во љубовна авантура со уште 120 девојки.