Јунајтед најде замена за Де Хеа

148

Доколку предвреме биде прекината соработката со шпанскиот интернационалец Давид де Хеа, раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги осигураат услугите на првиот голман на холандскиот гигант Ајакс, Андре Онана.

Де Хеа има договор со „црвените ѓаволи“ до 2020 година, но раководните лица на Јунајтед ќе се обидат да го продадат за време на летниот преоден рок. Поголемиот дел од парите кои ќе бидат заработени од продажбата на Шпанецот, Јунајтед ќе ги одвои за трансферот на Онана кој е проценет на 40 мил. евра.