ЈП”Паркови и зеленило” нема да исплати отштета од паднати дрвја

13

ЈП “Паркови и зеленило” нема да им исплати отштета на граѓаните кои претрпија некаква штета од невремето во саботата кога беа откорнати кровови, билборди, прекинати електрични кабли и паднати дрвја врз возила и објекти. Од претпријатието информираат дека за време на невремето дувал ветер со брзина од над 80 километри на час.

– Поради големата брзина на ветерот од над 80 км/час, сите настанати штети се третираат како последица на природна непогода и ЈП “Паркови и зеленило” нема никаква законска обврска за исплаќање на штетата настаната од паднати дрвја – информираат од ова ЈП.

Оттаму наведуваат дека нивни екипи засилени со целата расположива механизација веднаш се приклучиле на Градскиот штаб за заштита и спасување, заради отстранување на проблемите предизвикани од невремето.