Јоце Панов сака да дознае што има Мерилин под сукњата?

2

Духот на позитивно откачениот Јоце Панов не мирува. Тоја е во Амстердам, а таму има мал милион места за добра забава. Едно од тие места е и музејот на восочни фигури “Мадам Тисо”.

Панов го посети овој атрактивен музеј и си направи забава за својата душичка. Ѕиркаше под белиот фустан на легендарната Мерилин Монро. И нема зошто да му се замери, баш напротив. Со сликата во оваа поза со Мерилин, нашето момче Македонче, добро не изнасмеал, ама и воодушевил на оригиналноста. Ете, треба да ти текне. Остана уште само да ни одговори на прашањата: А, што носи Мерилин под белата сукња? Или е “пиштол гола”?
Дуле М.