Јелена Розга наместо со момче Македонче, си фати момче од Србија!

395

Сплитската пејачка, сексипилната Јелена Розга постојано изненадува. Некогаш со приватниот живот, а некогаш и со количеството на музички хитови. Оваа пролет ја слушаме со прекрасната хит-балада “Мојата пролет“, па многумина се прашуваат со кој маж згодната Розга ја делеше оваа студена пролет? Откако таа раскина со виолончелистот Стјепан Хаусер, пејачката има нова љубов. Розга е во врска со еден 30-годишен дечко од Србија.
-Јелена после прекинот со Стјепан многу патеше и не можеше ни да замисли да има нова љубов. Новиот дечко го запозна преку заеднички пријатели на еден белградски сплав. Едвај ја убедиле дека треба да излезе од стегите за да продолжи понатаму. Ете излезе сега дека со Србинот е во силна љубовна врска. Но не сака засега да му го открива идентитетот, се плаши да не раскинат, велат нејзините пријатели.
Со оглед на тоа дека Јелена многу настапува и кај нас во Македонија, нема да нè изненади доколку си фати за нова љубов некое момче Македонче. Имаше симпатии и додворувања, но ништо посериозно. Д.М.