Јас сум најсреќното дете во светот!

71

Новиот фудбалер на Реал (М), Лука Јовиќ на денешната негова промоција во „кралскиот клуб“ призна дека го му се исполнил сонот да стане дел од шпанскиот великан.

Дваесет и едногодишниот Србин се пресели во Реал Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт.

  • Јас сум најсреќното дете во светот, кое има потпишано договор со овој голем клуб. Ќе сторам сé за да му помогнам на Реал (М) да освои многу титули. Сигурен сум дека ја избрав најдобрата опција за продолжување на мојата кариера, изјави Јовиќ.

Србинот во текот на денот ги помина медицинските прегледи.

Реал (М) потпиша договор со Јовиќ на шест години – до крајот на јуни 2025 година. Од овој трансфер Ајнтрахт заработи 60 милиони евра.