Јануари засекогаш ќе остане црн во животот на Цеца Ражнатовиќ

14

И овој 15 јануари на мегапопуларната балканска пејачка Цеца Ражнатовиќ ќе остане забележан со црни бројки. На тој ден во 2000 година беше убиен нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ-Аркан. Таа на секој 15 јануари со децата и семејството го посетува гробот на Аркан, но никогаш не влегла во хотелот “Интерконтинентал” во кој Аркан е крвнички убиен.

– Не, тоа не е веќе место каде сакам да го минувам времето. Ниту моите деца никогаш повеќе нема да го посетат тој хотел. Ниту кој било од моето семејство. Тоа го сметам за гробот на мојот Жељко, тоа е црн јануари, вели Цеца. Убиството се случило тој зимски ден после 17 часот пред очите на многубројни постетители на познатиот белградски хотел. Крвавиот пир и до денешен ден е честа тема на муабетите низ српските естрадно-политичко-мафијашки кругови.