Од 24 до 27 март во Белград ќе се одржи саем за туризам на кој ќе бидат претставени општините Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Крушево и Охрид на изложбен простор на 60 квадратни метри. На саемот ќе бидат и претставниците од четирите комори за туризам СКТМ, НУК, ХОТАМ и ССК, а се очекува повеќе од 65 најавени туристички агенции, туроператори и хотелиери кои ќе не посетат.
На 24 и 25 март ќе се одржат Охридска и Дојранска вечер, а ќе има и презентација на повеќе атракции и форми на туристичка понуда. Се очекува силна поддршка на иницијативата Отворен Балкан како една туристичка дестинација.
-Решени сме сите заедно да ја достигнеме целта од 2,5 милиони ноќевања и зголемување на странските туристи за 25 отсто во 2022 година со повеќе од 400 милиони долари во македонската економија. Време е да се оддолжиме на државата за се што направи во последните години за туризмот во Македонија, напиша на фејсбук директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.