“Јагодинка Симоновиќ“ и порача на Тамара:“Среќно, препелице моја“

27

Ете, пред некој ден Тијана ја испрати помлада сестричка Тамара за Тел Авив! Тијана нема да биде со Тамара во Израел, ќе биде дома покрај тв, заедно со мајка им Бранка и ќеркичката на Тамара, малечката Хана. Токму поради тоа Тијана преку својот фб на кој се претставува под “уметничко име“ Јагодинка Симоновиќ со многу емоции и се обрати на сестра и, дури да му дојде на човекот да се расплаче: – Среќно, препелице моја. Заминуваш на Евросонг 2019 и јас знам дека таму ќе растуриш. Биди своја, биди среќна, биди најдобра како и што си. Јас сум најсреќна и горда што токму ти си моја сестра и што на 16-ти и 18-ти мај цела Европа и светот ќе те запознаат и засакаат. Те сакам! Под тој сладок статус разнежнетата “Јагодинка турила“ и фотографија од нивното рано детство.  Д.М.