Штипските епидемиолози будно ја следат состојбата со морбили

43

Во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип нема зголемување на бројот на заболени од морбили. Началникот на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, Дијана Шишкова вели дека на одделението се хоспитализирани десет пациенти, кои се со потешка клиничка слика.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова потврдува дека новозаболените се од една штипска конфекција. Таа посочи дека веднаш по откривањето на заразата на лице место се вакцинирани 37 работници, кои работат во конфекцијата.

Според здравствените работници, постои ризик за ширење на заразата со морбили во Штип, бидејќи заболените текстилните работнички на работа пристигнуваат со автобуси, но имале и контакт со семејствата.

На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница од февруари до пред два дена од морбили болнички се лекуваа  21 пациент од Кочани, Свети Николе, Карбинци, а последните случаи се од Штип.