Швајцарски луксузен хотел со понуда за луксузен карантин, со вклучен тест за Ковид-19/фото

443

Луксузен хотел во Швајцарија на своите гости им нуди пакет Ковид-19. Хотелот инаку може да се пофали со услуга во која имате минимален контакт со други луѓе, а со појавата на пандемијата со вирусот корона и припишаните правила за социјална дистанца одлучи да ги издигне правилата на повисоко ниво.

Пакетот вклучува престој во луксузен апартман, услуга од лекар специјалист, личен готвач, испорака на храна, па дури и тестирање за вирусот корона.

„Не можете да се изложувате на заразени пациенти и на можноста од инфекција во болница. Со нашите здравствени партнери обезбедуваме медицински прегледи и тестови на вирусот корона во вашиот апартман, се наведува на интернет-страницата на хотелот.

„Ле Бију“, располага со 42 апартмани кои се опишуваат како „луксузен арбиенби“ во своите хотели низ Швајцарија.

Освен чистачите, нема друг персонал, а на гостите им се достапни луѓе кои ќе им нарачуваат храна, лични готвачи, масери и слично.

Сето тоа е така органиризарно да не морате да видите други луѓе“, објаснува директорот на хотелот Александар Хубнер.

Тој додава дека луксузниот пакет Ковид-19 бил следниот логичен чекор и дека гостите почнале да и бараат се подолг престои и поголеми услуги од лекар.

Директорот истакна дека ги намалиле и цените за престојот. Ноќевање чинело 960 евра досега, а сега е намалено на 470 евра. Доаѓањето на лекар два пати дневно чини 760 евра, а тестирањето 470 евра. Целодневната грижа на медицински персонал чини дополнителни 4.700 евра, а двенеделен престој чини од 6 до 73.000 евра, во зависност од услугите вклучени во пакетот.

Како и повеќето индустрии што нудат услуги, хотелите беа погодени од владините забрани за затворање на рестораните, туристичките активности и големите групни собири насекаде низ светот. Хубнер вели дека тој ја почнал услугата Ковид-19 како начин да се продолжи собирањето приход во ек на криза.

Извор:Bloomberg.org