Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани се сретна со младата атлетичарка Дрита Ислами која има учествувано на бројни меѓународни натпревари, како и на Олимписките игри во Рио, а неодамна таа постави нов национален рекорд во трчање на 400 метри.
Во претстојниот период, Ислами ја очекува учество на балканското првенство во Истанбул, како и на европското првенство во трчање што ќе се одржи во Париз.
– ЈП „Комунална хигиена“ ќе ја поддржи Дрита Ислами, со цел таа да продолжи со своите успешни настапи на европските и на светските првенства. Од неа ќе очекуваме на младите генерации да им ја пренесе пораката дека животната средина се заштитува само преку совесно и правилно постапување со отпадот – изјави Шабани.