Сега е сезона на малите ежиња, па луѓето би требало да знаат, а особено возачите – дека во ова време од годината семејствата ежови често се среќаваат во парковите, градините, па и на улиците.
Бебе еж

Ежовите се многу мили икорисни животни. Ако редовноја посетуваат вашата градина, ќе ве спасат од полжави, змиски јајца,јајца од различни инсекти и други штетници за вашата градина.

Ако во дворот имате еж, не ви требаат пестициди и инсектициди.

Ежовите спаѓаат во групата цицачи и ги има 25 различни видови. Спаѓаат во редот на инсективори, па градинарите ги сакаат.

Во постудените краишта ежовите спијат зимски сон, а на пролет женката еж окотува 4 до 5 малечки. Боцките на ежот всушност се стврднати влакна, а младенчињата се раѓаат со меки боцки кои дури подоцна им стануваат ефикасна заштита.

Ежовите начесто настрадуваат под тркалата на автомобилите, потоа од труење со отрови за глувци, а понекогаш бидуваат изедени од поголеми животни.
Но, малечкиот еж е многу храбра животинка, па потребна е итрина за да се победи.
Кога ќе се најде во опасност, ежот се свива во малечка боцкава топка и така се брани од натрапници.

Ако најдете мал еж кој останал без мајка, можете да се обидете да го отхраните и да го вратите назад во природа. Но, пред да го земе в раце измијте ги оти малите ежиња се чувствителни на бактерии.

Бебето еж треба да се стопли со термофор или греалка, а ако е навистина многу мал прво хранете го со млако млеко. Во млекото наквасете крпче и дајте му го да го цица или хранете го со шприц.

Кога ќе потпорасне, може да му дадете салата, јаболко, па и бубачки.

Ако во околината има змии, размислете да направите „ежарник“ во дворот. Во едно катче поставете гранки и слама, а под нив нвечер ставете јаболка, морков, салата, целер…

Можеби ќе имате среќа да ви се досели семејство ежови.