За време на престојот во Вселената, космодромот од кој полетал престанал да постои и да биде во границите на неговата држава, а градот во кој живеел повеќе не се викал Ленинград, туку Санкт Петербург. Додека тој 5.000 пати вртел околу Земјата, неговата држава се намалила за пет милиони квадратни километри.

И покрај тоа најдобра илустрација за распаѓањето на СССР била неговата плата: кога полетал 600 рубљи била една од подобрите плати во државата, а кога се вратил, таа сума не била ни половина месечна заработка на еден возач на автобус.

Инженерот Сергеј Константинович Крикалјов, кој на 27 години станал космонаут е човекот кој бил во вселената во времето кога се распадна Советскиот сојуз во 1991 година. Токму поради распаѓањето на државата не стигнал да се врати навреме дома, па во орбитата останал 10 месеци. Кога конечно се вратил на Земјата на 25 март 1992 година, неговата држава не постоела, туку од неа се формирале 15 нови, а неговиот роден град бил преименуван во Санкт Петерсбург.