Цените на горивата во Грција отидоа до небо, литар чини и до 30 денари повеќе отколку во Македонија

290

Цените на горивата во Грција нема да им се допаднат на граѓаните, ниту туристите, бидејќи оваа земја последните денови бележи ценовни рекорди на бензинот и дизелот во регионот.

Според најновите податоци, цената на дизелот е 1,92 евра (околу 118 денари), а на бензинот 2,34 евра (околу 144 денари). Само една недела претходно дизелот беше 1,84 евра, а бензинот 2,08 евра.

 

 

За споредба, литар гориво во Грција чини и до 30 денари повеќе отколку во Македонија.