Цветна фигура во знакот на розовата панделка во Градскиот парк

16

Од денеска во Градскиот парк во Скопје има нова цветна фигура во знакот на розовата панделка – „Напред Розово“ – заштитен знак на Здружението за борба против ракот на дојка „Борка“.

Претставнички на Здружението „Борка“ заедно со претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева , директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје Ардијан Муча, граѓанската активистка Анита Љатифи, претставнички на претпријатието и учениците од медицинските паралелки од СУГС „Цветан Димов“ засадија сезонско цвеќе хризантема во форма на розовата панделка како знак на поддршка на месецот на борба против ракот на дојка.