Хрватите ако освојат злато на СП ќе поделат премија од 450.000 евра

5

Хрватската ракометна федерација им даде дополнителна мотивација на ракометарите да остварат добар резултат на Светското првенство во Германија и во Данска.

Ако станат шампиони, „коцкестите“ ќе добијат премија од 450.000 евра вкупно, за цела репрезентација. Ако освојат сребро ќе поделат 300.000 евра, бронзата ќе им донесе 200.000 евра, а четврто место вреди 100.000 евра.

Интересно е тоа што,  петтото место за нив е неуспех,  но ќе добијат награда и ако се пласираат на петтото, шесто и седмо место – 50.000 евра.