Хорор во Србија: Малолетник влегол во училиште во Белград и почнал да пука, има починати и повредени

349

Страшно злосторство се случило утрово кога четиринаесетгодишно момче дошло вооружено во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, го убило чуварот и ранило повеќе луѓе.

Ученикот од седмо одделение од тоа училиште, вооружен дошол во училиштето и почнал да пука, а сето тоа траело околу пет минути.

На терен како што пишуваат српските медиуми се брзата помош и полицијата.Блокирани се приодите кон училиштето, полицијата и седум амбулантни возила се во училиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Според првите неофицијални информации, повредени се пет деца.

Во моментов на местото на престрелката има неколку полициски патроли!

Нова.рс пишува дека ученикот наводно пукал во поранешната учителка и чуварот кој бил убиен.