Холандија забрани мобилни телефони во училиштата – а од 1 септември и таблети и паметни часовници

103

Мобилните телефони ќе бидат забранети во холандските училишта, соопшти денеска холандската влада.

Истата судбина ќе ги снајде и таблетите и паметните часовници кои од 1 јануари следната година ќе бидат забранети во училниците.

Забраната е резултат на договор меѓу Министерството, училиштата и невладините организации.

Владата во Амстердам прецизира дека употребата на овие уреди ќе биде дозволена само доколку се потребни за време на часовите за дигитални вештини, од медицински причини или за лица со посебни потреби.

– Иако мобилните телефони се испреплетени со нашите животи, тие немаат место во училницата – изјави холандскиот министер за образование Роберт Дијкграф. – Учениците треба да бидат способни да се концентрираат и да им се даде можност добро да учат, а мобилните телефони го одвлекуваат вниманието, тоа несомнено го покажуваат научните истражувања. Треба да ги заштитиме студентите од тоа.