Дома МАКЕДОНИЈА Хан: Ја поздравувам посветеноста на Мицкоски да не го опструира процесот во...

Хан: Ја поздравувам посветеноста на Мицкоски да не го опструира процесот во Собранието

3

Комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот Твитер профил објави дека имал корисен разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата со Мицкоски на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на средбата Мицкоски нагласил дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската Унија и дека во таа насока партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.