Фудбалерот на Реал (М) стана вистински дух

117
epa10577482 Real Madrid's Mariano Diaz (L) joins the players take part in a training session at Stamford Bridge in London, Britain, 17 April 2023. Real Madrid will face Chelsea in their UEFA Champions League quarterfinals second leg soccer match on 18 April 2023. EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Реал (М) има огромни проблеми со повредите во досегашниот дел од сезоната, а без разлика на искуството и огромното ниво на професионализам, еден фудбалер е невидлив за шефот на стручниот штаб, Карло Анчелоти.

Имено, на натпреварот против Осасуна, наместо да му даде шанса на Хесус Ваљехо, етаблиран стопер со долгогодишно искуство во Ла Лига, Италијанецот се реши за Раул Асенсио, 21-годишник без минута во сениорскиот фудбал. .

Како што пренесува „AS“, одлуката на Анчелоти да го внесе Асенсио во игра многу го изненади Ваљехо.

Ова е особено важно поради фактот што италијанскиот тренер отсекогаш бил скептичен кога се во прашање младите играчи кои треба да дебитираат за „кралскиот клуб“.

Но, против Осасуна, трофејниот тренер го прекрши своето златно правило и овозможи деби на Асенсио, а талентираниот дефанзивец не разочара, забележувајќи сензационална асистенција само неколку минути подоцна откако влезе во игра.

Сепак, дебито на Раул Асенсио беше клучен потсетник дека Хесус Ваљехо сега стана невидлив во Реал (М).

И покрај тоа што е фит и подготвен за игра, шпанскиот дефанзивец е на самото дно во потесниот круг на Анчелоти без реални надежи за подобро утро.

Во минатото, Анчелоти претпочиташе да ги распореди Дани Карвахал и Аурелиен Чуамени како централен бекови пред Ваљехо, а сега на листата се приклучи и Раул Асенсио.

Со оглед на тоа дека Реал (М) најверојатно ќе бара нов централен бек во јануари, тешко дека наскоро ќе се промени улогата на Ваљехо во клубот.

И покрај ваквиот третман, Шпанецот никогаш не покажа желба да го напушти Реал (М). Неговиот актуелен договор во клубот истекува на крајот на сезоната, па ќе биде интересно да се види што му носи иднината.

ИЗДВОЕНИ