ФОТО ГАЛЕРИЈА:Во Скопје осамнаа седум споменици исчкртани со црвена боја

364

Таблите пред седум споменици поставени на мостот Око во центарот на Скопје осамнаа исчкртани со црвена боја. Вчера овие споменици покрај досегашните натписи добија и нови метални табли со образложение дека личностите кои ги претставуваат се дел од античката хеленска историја.

Кој ги поставил таблите таму остана инигма. Од Град Скопје и од Министерството за култура за весникот ВЕЧЕР изјавија дека тие не ги поставиле. Но, во текот на ноќта некој со црвен спреј го препокрил напишаното со буквите З и МК.

Фото: П.С. и Н.Б.