Фудбалерите на Шкендија експресно се вратија на лидерската позиција во македонската Прва фудбалска лига. „Црно-црвените“ одиграа колку што треба на гостувањето во Охрид и забележаа минимална победа против препослениот тим на табелата, Воска Спорт. Едниствениот погодок на натпреварот, постигнат во 51 минута, беше дело на Рамадани.
Без погодоци заврши дерби пресметката помеѓу фудбалерите на Силекс и Гостивар, а по еден бод си поделија фудбалерите на Вардар и Тиквеш.
Резултати: Вардар – Тиквеш 1:1, Воска Спорт – Шкендија 0:1, АП Брера – Работнички 1:3, Пелистер – Беса 1:0, Гостивар – Силекс 0:0, Шкупи – Струга ТЛ 3:1
Табел: Шкендија 36, Силекс 34, Гостивар 34, Работнички 34, Струга 29, Шкупи 19, Пелистер 19, Брера 19, Беса 13, Вардар 13, Воска 12, Тиквеш 11.
ФОТО: П.Стојановски