Фондот „Тајм’с ап“ додели финансиска помош на британски женски организации

15

Фондот основан од британските ѕвезди, како дел од Движењето „Тајм’с ап“ соопшти дека додели над еден милион фунти помош за жените жртви на сексуално вознемирување или злоставување.

Фондот за правда и еднаквост е формиран на почетокот од годината, а поддржан е и од ѕвездите Ема Томпсон, Џемима Кан, Кеира Најтли и Ема Вотсон.

Седум женски организации во Велика Британија добија пари од Фондот, меѓу кои организација за правна помош, за помош на етничките малцинства, за жените мигранти и за Северноирската кризна служба против силувањето.