ФОЛК ПЕЈАЧКАТА ГУЊОВА, ЈАВНО СЕ ПОБУНИ ПРОТИВ СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ДОМАШНИТЕ КУЧИЊА:Мизерија од некои пратеници, така им текнало!

34

Фолк пејачката Јасмина Гуњова откако излезе веста дека сопствениците на домашни кучиња ќе плаќаат парична казна од 700 евра доколку бидат фатени со своето куче кое не е стерилизирано, бурно, но и емотивно реагираше: – Јас да носам куче на стерилизација бидејќи на некои пратеници така им текнало, нема шанси! Јавно кажувам. Можам сите да ве стрелам, ама кучето ми е најважно на свет! Да си најдете друго решение за тие џукели од луѓе кои фрлаат мали кучиња. Преку нос сте ми веќе. Мизерија!

А, тој Шилегов да се ангажира за Вардариште, бидејќи јас ако се изнервирам ќе соберам луѓе…..напиша Јасмина на својот ФБ веројатно многу изреволтирана и разочарана од целата заплеткана ситуација, односот и негрижата која се случува со кучињата. Таа е инаку позната како голем љубител и заштитник на домашните миленици, на кучињата и мачињата скитници. Кој сака може да и се придружи на фолк пејачката околу грижите за четириножните миленичиња, особено сега во овие студени денови кога на животните им се потребни топлина, куќичка, лекарства и храна…
Д.М.