Ангажманот на Ханси Флик се покажа како одличен потег на првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта, откако неочекувано го отпушти Чави Хернандез на крајот од минатата сезона.
Барса во актуелната сезона игра многу подобро, тоа го покажуваат резултатите, а играчкиот кадар е речиси идентичен, што најдобро ја покажува разликата меѓу Флик и Чави.
Но, во Барселона, со доведувањето на Флик, се размислуваа и за освежување на играчиот кадар како за време на зимскиот така и за време на летниот преоден рок.
Германецот веќе му предложи неколку играчи на спортскиот директор Деко, кои треба да се обиде да ги доведе, а акцентот е на оние на кои им истекуваат договорите, што значи дека Барселона може да ги доведе без обештетување.
Прв на листата беше Алфонсо Дејвис со кој Флик работеше во Баерн (М), но се чини дека Канаѓанецот сепак следното лето ќе заврши во Реал (М).
Сепак, ситуацијата е многу пооптимистичка кога е во прашање Џонатан Тах, кој на крајот од сезоната ќе го напушти Баер Леверкузен како слободен играч.
Германските медиуми пишуваат дека Баерн (М) покажал голем интерес за Тах, кого Баварците се обидоа да го ангажираат летово, но не успеаја. Но, иако се чинеше дека ќе се пресели во Минхен, во приказната се вклучи Барселона.
Сега се појави информација дека Тах е многу поблиску до преселба во Барселона, откако Флик директно го контактирал.
Се пишува дека Барса води во трката за потписот на Тах и Каталонците сакаат се да завршат на почетокот на јануари кога овој дефанзивец ќе има право да потпише преддоговор.
Покрај Баерн и Барселона, овој 28-годишен фудбалер е на мета и на Челзи и Тотенхем, но се верува дека лондонските клубови немаат голема шанса во однос на споменатите два гиганти.