Финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, во сезоната 2019/2020 ќе се одигра на 30 мај 2020 година во Истанбул, стои во официјалното соопштение на Европската куќа на фудбалот (УЕФА).
Станува збор за истиот стадион на кој беше одигран финалниот натпревар во 2005 година помеѓу екипите на Милан и Ливерпул. Тогаш англискиот премиерлигаш ја освои европската круна благодарение на подобро изведените удари од белата точка.
Кога е во прашање актуелната сезона од ЛШ, финалниот натпревар ќе биде одигран на 1 јуни на стадионот „Ванда Митрополитано“ во Мадрид.