Филмот „Барби“ освои најмногу, вкупно девет, номинации за наградата „Златен глобус“

382

Филмот „Барби“, приказната за познатата кукла, денеска освои најмногу, вкупно девет номинации за Златен глобус, американската награда за филм и телевизија, објавија организаторите.

Филмот во режија на Грета Гервиг беше номиниран, меѓу другото, во категоријата најдобра комедија.

Филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“, за пронаоѓачот на атомската бомба, доби осум номинации.

Годинешната 81. церемонија на „Златен глобус“ ќе се одржи на 7 јануари.

Минатиот пат филмот „„Фабелмаови“ на Стивен Спилберг беше прогласен за најдобра филмска драма, а мрачната комедија „Баншите од Иншинерин“ беше најдобра комедија или мјузикл.

Наградата „Златен глобус“ е навестување на филмовите кои најверојатно ќе бидат наградени со престижниот Оскар, кој се доделува по церемонијата на „Златниот глобус“.