Фенер со пресврт против Барселона, ЦСКА изненадена на домашен терен

2

Кошаркарите на Фенербахче со голем пресврт во последната четвртина ја забележаа 22-та победа во Евролигата, откако ја совладаа Барселона со 88:82.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ го добија последниот период со 15 поени разлика (36:21), а со овој триумф се зацврстија на првото место на табелата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Костас Слукас со 22 поени, и Али Мухамед запиша 19 коша, додека на спротивната страна Јака Блажиќ постигна 15 поени.