Фармацевтка откри: Три популарни суплементи се неефикасни – тие се ништо повеќе од…/ВИДЕО

159

Фармацевтката Амина Кан откри кои три вида додатоци во исхраната никогаш не би ги користела.

Кан сподели видео на Тик Ток во кое објаснува дека постојат три типа на додатоци во исхраната кои таа самата никогаш не би ги консумирала. Тоа се популарните гумени витамини, додатоците за здравјето на косата, кожата и ноктите, и мултивитаминските додатоци.

Витамини во форма на гумени бонбони се полни со шеќер
Амина објасни зошто витамините во вид на гумени бонбони не се ефикасни.

– Тоа се всушност само апчиња со шеќер, наместо тоа можете да јадете нешто слатко – рече Амина и додаде дека мултивитамините не се исплатливи бидејќи некои истражувачи велат дека всушност често содржат занемарливи количини на клучни витамини и минерали.

– Витамините во вид на гумени бонбони се многу привлечни, но всушност се повеќе слатки отколку што имаат вистински здравствени придобивки – вели фармацевтката.

– Ако вашите витамини се во форма на гумени бонбони без шеќер, тие веројатно содржат други засладувачи, како што е овошен сок со висока содржина на шеќер или шеќерни алкохоли, кои можат да предизвикаат непријатни дигестивни проблеми – тврдат лекарите од Универзитетот во Калифорнија, објави Дејли Мејл.

Имаат пријатен вкус и мирис и често се многу привлечни за децата.

– Тоа е многу шеќер, како да јадете бонбони 365 дена во годината – вели др. Зарија Чапел, докторка од Калифорнија.

Додатоци за подобрување на косата, кожата и ноктите – неефикасни
Таа тврди и дека суплементите за подобрување на здравјето на косата, кожата и ноктите, кои се многу популарни, всушност се неефикасни.

Амина, како неефикасни ги наведува и мултивитамините кои содржат по малку од сѐ.

– Некои од дозите на секоја хранлива состојка се толку ниски што тешко дека ќе имаат ефект. Освен тоа, не ви се потребни сите витамини таму“, рече таа.

Мултивитамините не се корисни

Студијата на Џон Хопкинс, која опфатила истражување на дури 450.000 луѓе, покажала дека мултивитамините немаат благотворно влијание врз превенцијата од срцеви заболувања.

Друга студија, која опфати 1.700 луѓе кои претходно претрпеле срцев удар, покажа дека земањето мултивитамини или плацебо во текот на следните пет години не покажува значителни промени во намалувањето на ризикот од повторен срцев удар.

д-р. Едгар Милер, специјалист за интерна медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс, рече:

– Студија по студија дава негативни резултати, но луѓето денес продолжуваат да земаат додатоци во исхраната, во рекордни количини, рече тој.

Популации кои би можеле да имаат корист од земање мултивитамини, се неухранети луѓе и бремени жени.

Кан вели дека е подобро да се земе насочен витамин насочен кон специфичен проблем, како што се витамин Б8 за коса и витамин Д за обновување на клетките на кожата. Таа додава дека на повеќето луѓе не им недостасуваат сите витамини кои се вклучени во мултивитаминските додатоци во исхраната.

Д-р. Питер Коен, професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард и експерт за додатоци во исхраната, изјави за Consumer Reports:

– Не сум свесен за никакви цврсти докази кои сугерираат дека било кој додаток може да излечи природно опаѓање на косата или оштетување на ноктите предизвикано од стареењето. Тоа не е нешто што би им го препорачал на своите пациенти – вели докторот.

@aminathepharmacist When you think your £1.50 multivitamin or vimto flavoured gummies work? ➡️ Traditional capsules and tablets are the best. If you can’t swallow any of these, you can take the powder out of the capsule or crush the tablet and mix with food/drink. ➡️ Solution focused supplements is what you need to see real results. Best to focus on ingredients that help the actual issue. ➡️ For children, use liquids or spray supplements. ✨ My 2x award-winning Hormone Balance supplements restock is soon. Make sure to sign up to the wait list to be notified instantly – link in bio #pharmacist #pharmacy #gummybear #gummyvitamins #supplements #needtoknow #vitamins ♬ original sound – Amina Khan

ИЗДВОЕНИ