Фала и на кралицата за охридскиот аеродром

347

Постои една приказна дека аеродромот во Охрид е изграден за потребите на англиската кралица, која, наводно, за време на посетата на Јосип Броз Тито на Велика Британија, во 1953 година, изразила желба да ги посети Белград, Дубровник и Охрид.

Со оглед на тоа дека Охрид немал аеродром, Тито веднаш наредил да се изгради. Кралицата никогаш не дојде во Охрид, но затоа тука беше престолонаследникот Чарлс. Принцот од Велс во Охрид беше дојден само на еден ден, кога му беше доделена честа да отвори една британска развојна агенција.