Истражувањето покажало дека заради покривање на дополнителните расходи кои ги наметнала енергетската криза во 2022 година, Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра. Според Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации станува збор за проекти како реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина.
Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните беа тема на денешната дебата што се одржува во организација на „Цивика мобилитас“, а во рамки на проект поддржан од Владата на Швајцарија.
Презентирано беше истражување за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.
Според податоците од истражувањето заради покривање на дополнителните расходи кои ги наметнала енергетската криза во 2022 година Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра.
Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации информира дека станува збор за проекти како реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина.
-Кога кон овој износ ќе се додадат и 50 милиони евра капитални проекти, кои требало да се реализираат од локалните власти, произлегува дека граѓаните се, условно кажано оштетени за 220 милиони евра, кои требало да придонесат кон подобрување на нивниот квалитет на живот, изјави таа.
Задолженоста на сите институции, според Факиќ, е зголемена за 30 проценти и изнесува 800 милиони евра.
-Многу е важно да настојуваме товарот на зголемените трошоци да не паѓа толку на граѓаните, туку да влијае и на привилегиите кои за себе си ги обезбедуваат функционерите, истакна Факиќ.
Истражувањето покажало и дека за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 проценти од капиталните расходи, односно 130 милион евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“.
Факиќ потенцира дека тука станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.