Уште не почна СП, а веќе има и рекорди

8

Хрватскиот двометраш Ловре Калиниќ е највисокиот играч на Светското првенство во Русија. Во продолжение следуваат рекорди во седум категории:

Највисок фудбалер: Само еден од 736 играчи на Светското првенство е над два метра – голманот на Хрватска, Ловре Калиниќ кој игра за белгискиот клуб Гент, (2.01 м.). Веднаш зад
него на оваа листа се данскиот дефанзивец Јаник Вестергард и белгискиот голман Тибо Куртоа со 1.99 метри.

Најнизок фудбалер: Не очекувајте играчот од средниот ред на Саудиска Арабија, Јахја Ал Шехри, да постигне многу голови со глава на СП, бидејќи играчот на Леганес е висок – 1,64
метри.

Највозрасен фудбалер: На возраст од 45 години со датум на раѓање на 15 јануари 1973 година, египетскиот голман Есам Ел-Хадари не е само најстариот играч во Русија, туку и најстариот на сите досегашни СП. Тој е дури и постар од тројца тренери на Светското првенство.