Учениците од СЕТУ „Михајло Пупин“ ќе учат на дигиталната платформа „Канвас“  

247

– За првпат во Северна Македонија децата ќе учат на оваа дигитална платформа „Канвас“, која е донирана од Швајцарската конфедерација. И најдобриот софтвер не е ништо без хардвер. ЕВН е одговорна компанија, таа донираше стотина таблети што веќе се применуваат во училиштето „Михајло Пупин“, а во наредните недели и во училиштето во Гостивар- истакна претседателот на УО на ЕВН Македонија, Штефан Петер

 

За првпат во нашата земја учениците ќе учат на дигиталната платформа „Канвас“. За таа цел, компанијата ЕВН Македонија им подари таблет-компјутери на учениците од средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, а нив ќе ги користи и паралелката во Гостивар.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер истакна дека дигиталната платформа значително ќе им го олесни учењето на учениците бидејќи печатените книги ќе ги заменат со таблет-компјутери.

– За првпат во Северна Македонија децата ќе учат на оваа дигитална платформа Канвас која е донирана од Швајцарската конфедерација. И најдобриот софтвер не е ништо без хардвер. ЕВН е одговорна компанија, таа донираше стотина таблети  што веќе се применуваат во училиштето „Михајло Пупин“, а во наредните недели и во училиштето во Гостивар – истакна Петер.

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми нагласи дека покрај во Скопје со ЕВН Македонија од оваа учебна година е започната соработка и во општина Гостивар.

– Од средното техничко училиште во Гостивар секоја недела добиваме позитивен фидбек од образовниот процес кој се одвива и таму по примерот на училиштето „Михајло Пупин“. Овој концепт и тип на образование се проширува и во другите градови со единствена цел нашите ученици, нашите деца и нашата иднина да стекнува  вештини кои се компатибилни и потребни  на пазарот на трудот – рече министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Тој посочи дека во текот на минатата година беше промовирано воспоставувањето на е-платформата, а денеска се споделуваат и ИТ-уреди кои ќе им бидат од корист на учениците. Нагласи дека се заинтересирани за партнерство со бизнис-секторот и за продлабочување на соработката за дуалното образование.

Петер посочи дека времето оди брзо и за само неколку месеци првиот клас од паралелката 20-20-20 ќе биде дел од ЕВН Македонија.

Учениците од специјалната паралелка на ЕВН Македонија во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје на специјалниот полигон за практична настава спроведоа вежби за качување на бандери со помош на инструктор од ЕВН.

– Ги гледав младите ученици како се качуваат на бандерите и ми изгледаше многу тешко. Им честитам на ЕВН за овој практичен тренинг што им го овозможуваат на учениците и кој навистина им е потребен – рече швајцарската амбасадорка Сибил

На крајот на оваа учебна година 20-ина ученици од СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје од специјалната паралелка на ЕВН ќе го завршат своето образование и целосно обучени за работа на терен веднаш ќе бидат вработени во ЕВН Македонија каде што ќе имаат почетна плата од 20.000 денари.