Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на својата веб-страница објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.
Согласно јавниот повик, компаниите треба да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб – страницата на банката. Барањето се прикачува електронски, на веб форма објавена во самиот повик. Како услов за одобрување на барањето за дополнително утврдување на грејс – периодот и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3).Поднесеното барање за дополнителен рок и грејс–период, не го елиминира правото во иднина да се поднесе барање за отпуштање на долгот од 30 отсто од износот на кредитот, согласно утврдените критериуми наведени во договорот за кредит.