Утревечер на “Синедејс“: Филмови на Кореда, Фархади и Форман

6

Во рамките на 17. Фестивал на европски филм “Синедејс“, публиката утре (13 ноември) ќе може во киното „Милениум“ да ги проследи “Крадци“ на Хироказу Кореда (20 часот), а од 22:30 часот следува “Сите знаат“ на Асгар Фархади, двата од Гала програмата.

Во киното Фросина, пак, од 21 часот ќе може да се види македонскиот краток “Малина“ на Анастасија Лазарова, а следува “Не допирај ме“ на Адина Пинтилие – дел од официјалната селекција.

Од музичката програма, пак, во Младинскиот културен центар, вечерва од 23 часот е настапот на Маускович денс бенд.

Од ретроспективата на Милош Форман, која се реализира по повод смртта на легендарниот чешки режисер на 13 април оваа година, вечерва од 22 часот во Џебното кино при МКЦ ќе може да се види “Љубовта на една русокоса“.