Урнебесна Македонка со белградска адреса – пејачката Тијана Дапчевиќ има највесело друштво за најлудата ноќ: овца и петел!     

117

Новогодишната забава може да почне со мукање и кокодачење!                             

Фановите на Тијана не можеа да дојдат при себе кога ја видоа својата миленичка во едно сосема необично друштво. Веднаш почнаа бесконечни коментари од секаков тип. Еден од највпечатливите вели: „Немој да си овца да пиеш чај со Тијана“, а пак другиот: „Дали петелот ти е оној од песната на Балашевиќ што секогаш стои право?“

Добро, ма Тијана Дапчевиќ или некогаш Тодевска, што ти се случува последниот месец? Од скандал во скандал си или бараш малку медиумско внимание? Таман се смирија страстите околу твојот испад на еден музички детски настан, на кој го пофали српскиот политичар Ивица Дачиќ, поради што нацијата те исвирка, а ти потоа залудно се правдаше дека текстот што го читаше ти беше подметнат, а сега еве пак правиш проблеми. Или, пак, не се проблеми? Или е само забава за народот од Вардар до Дунав? Или е само добра глума со оглед дека и во таа професија одлично се снаоѓаш? Сега на сите во Македонија ни создаваш стресови во друштвото на живите овци и кокошки!

За оние кои не се во тек со случувањата во животот и кариерата на популарната Тијана, да објасниме на кусо: пејачката деновиве низ улиците на Белград прошета со кокошка, поточно за петелот се работи, носејќи го во рацете. Заедно со нив е и една поголема овца со која Тијана потоа заседна во кафеана на чај и двете да се напијат и да се стоплат и ако на овцата не и е студено поради густата волна.

Меѓутоа, фановите на Тијана не можеа да дојдат при себе кога ја видоа својата миленичка во едно сосема необично друштво. Веднаш почнаа бесконечни коментари од секаков тип. Еден од највпечатливите вели: „Немој да си овца да пиеш чај со Тијана“, а пак другиот: „Дали петелот ти е оној од песната на Балашевиќ што секогаш стои право?“

Одговори на прашањата од Тијана ги нема. Освен дека со нив ќе ја помине најлудата ноќ! Пејачката е и онака повеќе од добро расположена приредувајќи уште една урнебесна претстава за народот. Се на се, испаѓа дека ако сакаш да другаруваш деновиве со Тијана, во ова празнично весело време, мора да си позитивно откачен.    Затоа ќе си набавиш некое живо животно (ни под разно плишано) а, кое лае, мјаука, клоца, ’ржи, мука, можеби и питомо каса. Кој што сака, Тијана нема ништо против, само забавата  да е оригинална и досега невидена никаде.

Всушност, оваа „селска идила во градската џунгла“ беше за потребите на новата фотосесија на популарната Македонка со белградска адреса на живеење. А, пораката е повеќе од јасна. Оставете ги луѓето на раат, секој нека се забавува со кој сака на свој начин и нека слуша музика која му е по неговиот вкус. Така и на Тијана ѝ било по вкусот да се забавува и да се слика со омилените животни. Едната е со волна, другата со пердуви. Едната мука и млеко и сирење дава, другата кокодака и кокошки јава.    А, градски урбаната Тијана пее со нив, тие како да и се придружни вокали.        Притоа публиката припаѓа во несвест од здравото смеење!   Д.М.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ