Ужас во Србија:Родители осомничени дека ја претепале 7-годишната ќерка

126

Родители од Барич, општина Обреновац кај Белград се приведени под сомнение дека ја претепале својата седумгодишна ќерка.

Како што потврдија за РТС, родителите биле пријавени за семејно насилство, а потоа и задржани до 48 часа.

На девојчето му биле констатирани полесни физички повреди, а на детето лекарска помош му била укажана во Институтот за мајка и дете.