УБИЕН ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА НАПАДОТ ВО БРИСЕЛ! Полицијата го застрелала во кафуле/ВИДЕО

722

Абдесалем Ал Гилан, осомничен за терористичкиот напад во Брисел, е убиен во вторник наутро при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми. Осомничениот бил застрелан со огнено оружје во кафуле во Шаербек. Ова за белгискиот портал HLN го потврдиле повеќе извори.

Оружјето со кое биле убиени двајца Швеѓани било пронајдено кај човекот кој бил застрелан. Сведок наводно го видел Абдеслам во кафуле во близина на зградата која била пребарана во понеделникот вечерта. Кога пристигнала полицијата, дошло до престрелка, при што напаѓачот бил убиен. Според овој портал, осомничениот бил застрелан во градниот кош.

https://twitter.com/SamvanRooy1/status/1714031139269001298?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714031139269001298%7Ctwgr%5E3631d3af5ed1f8c3769f17dbf41325917b358380%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fvideo-ubien-napagachot-od-brisel-politsijata-go-zastrelala-dodeka-sedel-vo-kafule%2F

Вознемирувачко видео снимено од случајни минувачи, наводно, покажува вооружен маж на мотоцикл како демне луѓе и пука во нив јавно, додека други слики кои кружат на интернет покажуваат тело на едно лице во такси.

Идентификацијата допрва треба да потврди дека станува збор за напаѓачот, во тек се отпечатоци и идентификација. Но, голема е веројатноста дека тој е сторителот, бидејќи таму е пронајдено и оружјето со кое наводно биле извршени нападите, изјави министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден.

„Оружјето со кое наводно биле извршени нападите е пронајдено утрово на местото каде што е пронајден маж во Шербек. Тоа ја зголемува веројатноста дека сторителот е фатен. Сега земаме отпечатоци од прсти за да бидеме 100 отсто сигурни“, се вели во полициското соопштение.