Луиџи Манѓони, 26-годишник со богата биографија и потекло од угледно семејство, кое се смета за еден од најголемите играчи во светот на недвижностите, обвинет е за убиство на шефот на здравственото осигурување „Јунајтед хелткер”, Брајан Томпсон во Њујорк. Уапсен е вчера во Пенсилванија откако го пријавил вработен во „Мекдоналдс“, по петдневна потера од полицијата.
Тој бил ученик на генерација во средното улчилиште, дипломирал инженеринг и компјутерски науки, а имал и мастер-диплома. На јавноста ѝ недостига одговорот – што е мотивот за убиството и како некој со таков потенцијал одлучил ладнокрвно да убие човек.
„Њујорк тајмс“ објави дека полицијата кај него пронашла манифест во кој се критикуваат здравствените компании поради ставањето на профитот над грижата за здравјето на пациентите.