Автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами, кој во минатото беше министер од ДУИ, го запалил член на семејството соопштуваат од коалицијата Вреди. Во партиското соопштение се вели дека јавноста сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните. Затоа што по принципот на нивното работење, исплашените граѓани полесно се манипулираат, се додава во соопштението.
,,Со апсењето на лицето, што запали автомобили и објект во Куманово, се открива долгоочекуваната вистина за граѓаните на оваа држава, но и за сите останати. Со новата Влада, како и секој друг случај, и овој случај беше истражен во рекордно време, што уште повеќе и подобро ја разјаснува ситуацијата. Уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил исто така е запален. Но, како резултат на лажниот театар, овој никаде не се појави да подигне сомнеж за да создаде јасен терен неговата партија да одржува прес-конференции и да ги вознемирува граѓаните бидејќи ситуацијата излезе од контрола“, соопштија од партијата.
Полицијата во Скопје го уапси кумановецот Ф.А (35) под сомнение дека во понеделникот во раните утрински часови запалил три возила и дуќан во Куманово. Едно од запалените возила беше на републичкиот обвинител Џелал Бајрами, а запалениот деловен објект е во сопственост на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи, исто така од партијата ДУИ.
Од полицијата додаваат дека Ф.А. е приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна кривична пријава.