Тритан Шеху: Разрешувањето на претседателот Мета би било државен удар

70

Универзитетскиот професор и поранешен шеф на албанската дипломатија Тритан Шеху оценува дека обидот на владејачкото мнозинството за разрешување на претседателот на Албанија, Илир Мета би претставувал државен удар.

Гостувајќи во вестите на тиранската телевизија Ора њуз тој додаде дека со таквата постапка „во ризик се плурализмот и социјалниот мир во Албанија“.

– Разрешувањето би било целосна реализација на државен удар. Државниот удар кај нас не се прави со тенкови по улиците, туку со антиуставно заземање на институциите и нивно предавање на една група на која не и припаѓаат. Тоа се случува во Албанија до денес. Резолуцијата ми се чини целосно атрофичен документ, документ во кого нема ништо. Ме потсетува на оние предупредувања од 1920 до 1925 година во Кина. Документ кој се обидува да создаде само замаглување и ништо реално, бидејќи во реалноста тие немаат храброст да преземат таков чекор за да го погодат претседателот, бидејќи тоа ќе биде целосен државен удар. Тоа ќе го принудеше албанското општество, политичката сила да реагира против овој режим, онака како што може единствено да се реагира по државен удар, изјави Шеху.

Според него, претседателот Мета со одлагањето на изборите направил храбар чекор и дека треба да го следат политичките партии за да се избегне злото во земјата.

– Претседателот презеде храбар, уставен акт. Последен институционален акт, бидејќи убеден сум дека ситуацијата ќе се лизнеше од институциите и ќе беше трагична, неприфатлива и штетна за земјата. Затоа да продолжиме по оваа нова светлина што ни ја даде претседателот и да го избегнеме најлошото во оваа земја, порача Шеху.

Во објава на Фејсбук Шеху беше многу поостар, наведувајќи низа настани што, според него, го оправдуваат фактот дека Албанија е во состојба на „државен удар“.

Меѓу другото, тој посочува дека една земја како Албанија, каде „не функционираат Уставниот и Врховниот суд, во чиј Парламент седат криминалци, земја во која на претседателот на државата, како врховен командант на Вооружените сили, не му се дава објаснување за дислоцирање на армиски сили на аеродромот во Тирана, тогаш кај граѓаните се раѓа правото за заштита на демократијата, како национална потреба“.