„Тирамису од небото“ – Во Кина паѓаше жолт снег/Видео

2

Одредени делови на северозападот на Кина ги прекри „жолт снег“, феномен кој според објаснувањето на метеоролозите се создава со комбинација на снег и песочна бура.

Снегот со висина од 10 до 20 сантиметри, паднал викендов во неколку градови во Кина, а жителите објавиле слики од овој феномен на социјалните мрежи.

Граѓаните забележале дека површината на снегот е прекриена со слој прашина, а под овој слој бел снег, па некои од нив го споредиле со познатиот десерт тирамису.