Талентираниот танчар Полунин најде место на своето тело и за ликот на Путин

67

Талентираниот танчар Сергеј Полунин, познат и како enfant terrible на рускиот балет, кој се прослави низ светот со својот видеоклип за песната Take me to church, како човек роден во советскиот период во Херсон и украински државјанин, конечно доби и руско државјанство. Веста за тоа веднаш ја објави на својот профил на Инстаграм, пренесе RUSSIA BEYOND.

Полунин е познат и по своето тело покриено со тетоважи, а од неодамна има и нова: ликот на рускиот претседател Владимир Путин.


Под објавата со фотографијата тој го напиша следниов коментар: „Доброто мора да биде агресивно како и злото! Мојата љубов и поддршка за Русија. Љубовта ќе ги победи сите.“